Секоја година луѓето за вода во шише трошат 100 милијарди долари – беспотребно, тврдат експертите, наведувајќи дека во САД од 2016 година луѓето повеќе купуваат вода отколку сокови.

Нема ништо подобро од чувството на чиста, свежа вода како тече низ грлото кога сме жедни. Но, додека едни ја добиваат својата вода од чешма, други тоа чувство го плаќаат – во просек 100 милијарди долари годишно. Освен тоа, во некои држави, како САД, дошло до толкава побарувачка, што од 2016-та година потрошувачите купуваат повеќе вода отколку класични безалкохолни газирани пијалаци.

Водата од чешма е побезбедна за здравјето
За повеќето луѓе ширум САД и Европа, чашата вода од чешма и таа од шише се буквално идентични по нивниот здравствен и нутриционистички квалитет. Во некои случаи, сепак, водата од чешма може да биде побезбедна за нашето здравје, со оглед на тоа дека нејзината исправност почесто се тестира., пишува 24sata.hr.

Водата во шише е 400 пати поскапа
Најевтиниот погон за црпење и флаширање на вода наводно е околу 2 милиони евра, а нема посериозно производство без најмалку 20 милиони евра. Сопствениците најголем профит добиваат од водата во шишиња, а најголем проблем е тоа што нивниот производ нема реална контрола.

Амбалажата во која доаѓа водата е опасна
Купувањето на вода во шише се смета за непотребно поради квалитетите еднакви или пониски отколку кај водата во водовод, како и поради топењето на токсините од амбалажата, кои му штетат на здравјето. Повеќето води во шише минуваат некои процеси пред ставањето во шишето – вклучувајќи и хемиски, за да има што подолг рок на траење.

Во споредба со таа од чешма, водата во шише има полош квалитет, тврдат експертите. Освен тоа, откако шишето со вода ќе се отвори, не постои начин водата да остане стерилна и мора да се употреби во краток рок.

Еколошки неприфатливо
И покрај трендот за рециклирање, дури третина од пластичните амбалажи во светот и натаму не се рециклира. Така пластичните шишиња лесно стануваат отпад и ја загадуваат планетата.