Во врска со настанатата состојба со Алта банка Битола во Република Македонија, предизвикана од случувањата и состојбите во Алта Банка Србија можам да изјавам дека Алта Банка Србија и Алта Банка Битола во Република Македонија се посебен бравен субјект. Алта банка Битола работи според нашето законодавство и регулатива и засега нема никаков проблем, а тоа е затоа што Народната банка на Република Македонија, превзеде навремени и соодветни мерки како надлежен региулатор во нашата држава, вели во изјава за Курир познатиот аналитичар Сотир Костов.

Тој смета дека со изречените мерки, а тоа е воведување на администрација што во превод значи ограничување се заштитува имотот на банката, депозитите на штедачите, фирмите што работаат со банката и пласманите на банката.

-На тој план не треба да има никаква паника и спиновите што ги прават одредени субјекти, најконкретно политичката партија СДСМ, се со цел да се предизвика состојба на хаос за да некои бизнис субјекти блиски до СДСМ да извлечат корист, вели Костов.

Со преземените мерки, НБРМ спречи и не дозволи таканаречени можни упади во Алта банка Битола, преку различни трансвери на пари, вели аналитичарот.

-Треба да се знае дека банката е висококапитализирана, ликвидна и со солиден кредитен кредитен капацитет на портфолио. Се додека целосно не се смири состојбатаво банката во следните недела до две пред нас, на сила ќе бидат ограничувањта од НБРМ. Значи, на тој начин НБРМ не дозволи таканаречени можни упади во Алта банка Битола, преку различни трансвери на пари кои шесто пати знаат да имаат незаконски позадини и содржини. Токму тоа го спречи Народната банка на Република Македонија, дециден е Костов.

Алта банка Битола не е во стечај, имотот, команиите и штедачите се заштитени.

-Еве како за пример, во Србија Алта банка Србија отиде во стечај и таму се затворени околу 57.000 штедачи и околу 10.000 околу 10.000 компании кои работаат со банката. Кај нас тоа не е случај, Алта банка Битола не во стечај. Имотот, команиите и штедачите се заштитени. Сето друго е злонамерен спин со цел да се предизвика паника и хаос, а тоа го прави филипче и СДСМ , нека им служи на чест, заклучи Костов.

Истото го смета и безбедносниот експерт Љубомир Ѓурчевски кој во врска со ново настанатата состојба во Алта Банка АД Битола, каде опозициските партии со своите неприципиелни коментари и паушални обвинувања за криминогени активности во Банката поврзани со АЛТА Банка Србија неоправдано предизвикува страв и паника кај граѓаните со крајна цел деградирање на вкупниот банкарски систем во Македонија.

-Неоправдани се и паушални обвинувања се во смисла за сторени кривични дела во делот на меѓународното банкарско легализирање на пари од криминогени приноси или поточно кажано перење пари. Зошто велам паушално обвинување без никакви аргументи или основи на сомненија бегајќи од фактот дека АЛТА Банка АД Битола е засебен правен субјект со сопствен капитал и исполнети законски услови за добивање на ЛИЦЕНЦА за работа во Република Македонија, вели Ѓурчевски за Курир.

Со самиот овој факт дека Народната Банка на Македонија издала соодветна Лиценца, вели Ѓурчевски, таа е и единствен контролен орган и гарант на блоговите до 30.000 илјади евра за штедачите. Токму затоа НБРМ тамо и постави времена мерка во траење од три месеци се со цел штедачите да бидат обезбедени.

Мерката на НБРМ е навремена и ефикасна и во насока на зачувување на вредноста на акциите на АЛТА Банка АД Битола.

-Во врска со акциите на Банката се појавија основани сомненија дека одредени структури блиски до СДСМ сакаат да ги обезбедат акциите и додатно да остварат профити како тоа што го правеа во целиот транзициски период. За да состојбата биде уште поиронична критичарите од СДСМ најпрво треба да понесат одговорност за уништувањето на Експорт Импорт банката сопственост на Г-дин Трифун Костовски со предизвикување на стечај се со цел одредена структура од тогашната влада на СДСМ не ги врати кредитите кои добија третман на нефункционални поради нивната необезбеденост. За разлика од нив во случајот на Алта банка нема стечај, нема нефункционални и необезбедени кредити а мерките превземени од страна на НБРМ се навремени и ефикасно се грижат за сите коминтенти на Банката. Токму заради тоа јас со оптимизам гледам на целата постапка како и на постапката за продажба на Акциите во најповолна можна цена, потенцираше Ѓурчевски.