Полицијата ја евакуираше вечерва метро станицата Саутгејт во северен Лондон по „мала експлозија“ и дојави за сомнителен пакет, објави Експрес.

Локалните жители јавуваат дека им е наредено да седат дома додека полицијата се обидува да истражи за каков предмет станува збор.

Очевидец изјавил дека во метрото замирисало на запалена гума, по што патниците почнале да трчаат кон излезите.

Дел од линијата Пикадили е затворен за сообраќај. Полицијата вели дека уште истражува што ја предизвикало експлозијата која била мала, а и повредените се со помали повреди.

„Ова не е зафрканција или лажна вест. Вистинско е“, напишал некој на Твитер за инцидентот.

Полицијата, според Експрес, уште е на терен и се обидува да открие за каков пакет станува збор.