На 28.07.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово, Е.Х.(30) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово била фрлена експлозивна направа.

-Увид извршила екипа од СВР Куманово и на тераса од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена една безбедносна рачка, за која се претпоставува дека е од истата направа, информира МВР.

Од Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР екплозивната направа направата била безбедно подигната за понатамошна обработка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.