Египетскиот претседател Абдел-Фатах ел-Сиси изјави дека неговата земја и Израел, кои во четири војни се бореле една против друга, соработуваат во борбата против исламските екстремисти на Синајскиот полуостров.

Ел-Сиси ова го изјави во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес, кое утре ќе биде емитувано во целост.

Египетскиот претседател, кој инаку е поранешен генерал, го доведе во прашање и неодамна објавениот извештај на организацијата „Хјуман рајтс воч“ дека египетските власти држат 60.000 политички затвореници, но заклучи дека неговата Влада мора да интервенира против екстремистите „без оглед на нивната бројност“.