Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија.

Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат да си ја најдат сродната душа. До 30 јуни се пријавиле 36.000 лица, од кои само 16.000 активни корисници. Според достапните информации, 760 двојки биле во сериозна врска.

Падот на наталитетот претставува сериозен проблем во Јапонија, десет години по ред. Според многумина, „Токио енмусуби“ претставува апликација на иднината за сите оние кои се во потрага по својата „друга половина“.

Фото: архива