Македонската репрезентација по стартот со победа во квалификациите против Малта, утре ја пречекува селекцијата на Фарски Острови во пријателски меч.

Елиф Елмас пред мечот истакна дека секогаш е посебно мотивиран кога игра за македонската репрезентација.

– Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас, така ќе биде и утре со Фарски Острови. Јас за Македонија секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам моментно само за Македонија. Јас секогаш гледам и се трудам да го дадам максимумот, изјави Елмас.

Македонскиот репрезентативец натаму додава:

– Против Малта ни беше најважно да тргнеме со три бода и тоа го остваривме. Утре не чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го спроведеме тоа што ќе се договориме и тоа што ќе го бара селекторот од нас, додаде Елмас.