Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го надополни списокот на повикани ракометари за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентацијата на Исланд за пласман на ЕП 2020.

Тој повика уште еден голман, и тоа Мартин Томовски од Металург, додека ново име е левиот бек на Мартин Манасков од тимот на Пролет, кој ќе го замени повредениот Горан Крстевски од Еурофарм Работник.

Собирот на ракометари е закажан на ден 08.04.2019 (понеделник) со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.