Кошаркарите на Литванија се радуваа на победа во одлучувачкиот натпревар на групата Б против Босна и Херцеговина, па со победа од 87-70 се пласираа во осминафиналето на Евробаскетот. Литванците отворија лошо, со три порази, а Босанците ги добија Унгарија и сензационално Словенија. Така, балканскиот претставник беше во подобра позиција, меѓутоа Литванија врза две победи, од кои едната во денешнот меч и си обезбеди место понатаму.

Дуелот во „Ланксес Арена“ започна изедначено, за потоа Литванците да се наметнат. Иако дојдоа до предност од осум поени, Босанците не се откажаа и првите десет минути завршија со егал. Вториот период тргна исто како првиот, но одново фаворитот влезе во добар ритам. Со одлична игра литванските кошаркари пред паузата заминаа првпат на двоцифрена предност и на одмор резултатот гласеше 56-42.

Во продолжението Литванија продолжи во силен ритам, го притисна противникот и дојде на недостижна предност. Во последниот период Босанците дојдоа најблизу до 11 поени дефицит, но тоа беше сè што успеаја да постигнат.

Џанан Муса со 22 поени беше најдобар на паркетот, додека Григонис од Литванија уфрли 16, а Валанчиунас имаше „дабл-дабл“ со 13 поени и 15 скока.