На Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка се игра главната рунда, а по две кола, плус пренесените бодови од прелиминарната рунда, Данска и Шпанија се на чекор до полуфиналето.

Данците по триумфот синоќа над Хрватска стигнаа до шест бода во Групата 1, по нив се Франција и Исланд со по четири бода, Холандија и Црна Гора имаат по два, Хрватска е последна без освоен бод.

Во Групата 2, Шпанија има максимални шест бодови, Норвешка и Шведска досега собраа по четири, Германија и Русија имаат по два, Полска е без бодови.

Денес на континенталниот шампионат играат:
Полска – Русија (15:30 часот)
Германија – Шведска (18 часот)
Шпанија – Норвешка (20:30).