Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби дополнителни средби со американскиот амбасадор во Анкара поради средбата со Кемал Киличдароглу еден од кандидатите на опозицијата на изборите на 14 мај.

Киличдароглу на иницијатива на американската страна се сретна со шефот на американската дипломатска мисија Џефри Флејк, изјави претходно за РИА Новости неговиот советник.

– Амбасадорот на Џозеф Бајден се среќава со Кемал?! Срам да ви е, мисли со својата глава. Ти си амбасадор. Вашиот соговорник во оваа земја е претседателот. Како ќе имаш после лице да дојдеш и да побараш средба со претседателот? Мојата врата за него е затворена, тој веќе не може да влезе, рекол Ердоган, пренесува весникот Стар.

Ердоган смета дека амбасадорот мора да знае каде припаѓа.

– Нека научи како треба да работи еден амбасадор. Ако не го знае тоа, не може да ми дојде на врата, нагласи Ердоган, пренесува Раша тудеј Балкан.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај. Главен противник на актуелниот претседател Ердоган е Киличдароглу.