Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сериозно го сфаќа руското негирање за вмешаност во падот на проектилите во Полска. Според него, веројатно се работи за техничка грешка.

– Се сретнав со германскиот канцелар Олаф Шолц. Постои општ впечаток дека оваа ракета не е од руско производство и оваа изјава отвора пат до одредени факти, така што не треба да се инсистира оти ракетата е лансирана од Русија. Тоа би било провокација, смета Ердоган.

Тој додаде дека „мир може да се воспостави само низ дијалог и ние сакаме да воспоставиме дијалог“.