Само Туција може да воспостави безбедносна зона долж нејзината граница во Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во обраќање пред свои приврзаници во градот Ерзурум.

Ердоган нагласи дека очекува таа безбедносна зона да биде воспоставена во рок од неколку месеци, но истакна дека не доаѓа превид нејзино формирање од страна на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Турскиот претседател посочи дека согласно договорот случен меѓу Анкара и Дамаск во 1998 година, Турција смее да испрати свои војници на територијата на Сирија, доколку се соочува со закани.