Анкара ќе продолжи да вложува напори во посредувањето меѓу Русија и Украина со цел да се почнат со преговори за ставање крај на конфликтот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Како што истакна Ердоган, Турција непрекинато ја извршува улогата на посредник и така и ќе продолжи, а моментално не е можно да се каже одреден датум, кога таа улога на Анкара ќе даде резултати.

Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Анкара, пред да отпатува на самитот на Организацијата на земји од турско говорно подрачје во Узбекистан, јавија дел од британските медиуми.

Според Ердоган, одлуката Русија да ги повлече војниците од Херсон е позитивен чекор.