Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска во Анкара дека неговата држава засекогаш го затвора поглавјето со задолжување кај Меѓународниот монетарен фонд.
Ердоган зборуваше на затворање на состанок со претставници на Партијата на правдата и развојот од сите делови на Турција. – Турција денеска е многу далеку од тоа дека и треба кредит или помош од ММФ, нагласи Ердоган.
– Турција засекогаш го затвора поглавјето со задолжување кај ММФ. Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот заем земен од тој фонд.