Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен наскоро ќе стане играч на Интер. Клубовите се договорија за трансфер вреден 20 милиони евра. Од оваа сума, Ајакс ќе добие два милиона. Ериксен токму од Ајакс во 2013 година се пресели во Лондон.

Данецот денеска ќе пристигне во Милано и се очекува по медицинските прегледи негова промоција во дресот на Интер.

Италијанските медиуми објавија дека Ериксен со плата од 10 милиони евра годишно ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А, по Кристијано Роналдо.