Азербејџан користи касетни бомби за гранатирање на Карабах, тврди претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Арцрун Ованисјан.

Тој на својата страница на Фејсбук напиша дека Азербејџан користи касетни бомби против цивилното население, кои ги испукува од израелскиот систем ЛАР-160.

Ованисјан објави и фотографии од остатоците од бомбите.