Европската унија од почетокот на руската инвазија врз Украина произведува електрична енергија од обновливи извори повеќе од било кога досега.
Според податоците објавени во студијата изготвена од тинк-тенковите „Ембер“ и „ЕЗГ“, во периодот од март до септември 24 отсто од електричната енергија во ЕУ била произведена од соларни електроцентрали и ветерници.
Споредено со истиот период минатата година, учеството на соларната и еолската енергија за производство на струја е зголемено за три процентни поени. Во посочениот период се произведени вкупно 345 терават-часови (TWh) електрична енергија од ветер и сончева енергија, што е за 39 TWh повеќе отколку лани.
Германија во односниот период достигнала рекорд со произведени 104 TWh електрична енергија од сонце и ветер. Рекордно производство електрична енергија од ветер и сончева енергија постигнала 19 земји од ЕУ, меѓу кои Франција, Италија, Полска и Шпанија.
Со рекордното зголемување на употребата обновливи извори, избегната е потребата од набавка на осум милијарди метри кубни природен гас, по цена од 11 милијарди евра, се посочува во соопштението објавено во врска со резултатите од студијата.