Европската унија денеска ќе воведе царини за некои американски производи, како одговор на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да воведе царини на увозот на алуминиум и челик од Европа.
Се чини дека сите 28 земји членки на ЕУ ќе го направат тоа во јули, но комесарката на ЕУ за трговија Сесилија Малмстром изјави дека оваа недела, поточно од денеска ќе се воведат тарифи во вредност од речиси 2,8 милијарди евра за американските производи.
Помеѓу американските производи за кои ќе биде наменета споменатата тарифа влегуваат челик, земјоделски и други производи, вклучувајќи бурбон, кикирики, путер, брусница, како и сок од портокал.
„Едноставно, немавме друг избор“, изјави Малмстром.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 1 јуни ги повлече првите потези во трговската војна која и ја објави на Европската Унија, Канада и Мексико, зголемувајќи ги царините на увезениот челик во износ од 25 отсто, како и на увезениот алуминиум во износ од 10 отсто.