Европската комисија соопшти дека на Бугарија и доделила 71 милиони евра од фондовите на ЕУ, наменети за подобрување на итната здравствена заштита во земјата.

Средствата ќе бидат искористени за модернизација на сите 237 здравствени центри за брза помош во Бугарија и за кофинансирање на набавката на 400 нови медицински возила опремени со системи за врска и опрема за пружање итна помош.

Тоа ќе овозможи обезбедување услови за пружање брза и ефикасна медицинска помош и во најоддалечените региони и за најранливите групи пациенти, се наведува во соопштението.

Според еврокомесарката за регионална политика Корина Крецу, овој проект значитечно ќе го подобри квалитетот и достапноста до здравствената заштита во Бугарија.