Самсунг Електроникс ќе ја прекине работата во една од своите фабрики за производство на мобилни телефони во Кина, изјави денеска портпаролка на компанијата.

Причина за тоа е намалување на продажбата и пораст на трошоците за работа во Кина во последните неколку години.

– Поради тоа Самсунг ги фокусира своите главни инвестиции во мобилни телефони во производствените погони во Виетнам и Индија, соопшти компанијата.

Освен фабриката во градот Тианин, во североисточниот дел на Кина, која ќе се затвори, Самсунг има уште една кинеска фабрика за телефони во Хуижоу, во провинцијата Гуангдонг.