Скопје бил најпосетен град во земјава од странски туристи во октомври годинава.

Според податоците на Државниот завод за статистика Скопје го посетиле 27.849 странски туристи со остварени 49.110 ноќевања.

Во октомври годинава според објавените податоци бројот на туристите изнесува 83.303, а бројот на ноќевања 182.557. Бројот на туристи бележи зголемување од 7,1 отсто, а бројот на ноќевањата е заголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи забележано е зголемување од 13,7 отсто, а кај странските туристи 4,4 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 11,9  отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,1 отсто.

Меѓу странските туристи најбројни биле од Турција 5.843, 3.200 од Хрватска, над 3.000 се и странските туристи од Бугарија, Грција, Германија, Србија, како и од азиските земји.

Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 14,1 отсто, а кај странските има зголемување за 12,5 отсто.

Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14,9 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 14,2 отсто, а кај странските има зголемување за 15,8 отсто.