Украина денеска ќе ја добие втората транша макрофинансиска асистенција од ЕУ, во износ од 600 милиони евра.

Ова го соопшти утрово на Твитер претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и најави дека пристигнуваат и повеќе пари.

Првата транша изнесуваше исто така 600 милиони евра вкупно.

Од почетокот на војната на Русија на 24 февруари Европската Унија испрати 4.1 милијарда евра во Украина за справување со агресијата, и ЕУ продолжува масовно да и помага на Украина финансиски.

Вкупната предвидена макрофинансиска помош изнесува девет милијарди евра во заеми.

Освен тоа, Украина добива и 1,5 милијарди евра за воена помош од ЕУ.