На донаторската конференција во Брисел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската Унија ќе и даде на Албанија 100 милиони евра, не вклучувајќи ги и 15. милиони што ги обезбеди ЕК.

– Слушнавме за трагични судбини. Ова е приказна за болка и приказна за лекување. Учеството докажува дека сме на ваша страна. Солидарноста спаси животи од оваа албанска трагедија. Потребите на Албанија се огромни и итни. Денеска сме тука да ги видиме и прифатиме нашите обврски кон албанскиот народ. Заедно мора да ја направиме Албанија посилна, порача Лајен.

Претходно, албанскиот премиер Еди Рама и претседателката на ЕК, Лајен потпшаа документ за грант од 15 милиони евра што ЕК ќе ги додели на Албанија.

На донаторската конференција, што се одржува под мотото „Заедно за Албанија“учествуваат претставници на најмалку 100 земји.

Како што соопштија амбасадите на Велика Британија и на Шведска во Тирана, ќе донираат 5,6 милиони евра.