ЕУ донесе одлука да пренасочи дел од своите кохезивни фондови за помош на бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Законските измени се усвоени денеска во Советот на ЕУ и ќе овозможат пренасочување на дел од кохезивните фондови на ЕУ и од средствата од Европската помош за најранливите кон лицата кои бегаат од војната во Украина.
ЕУ порача дека оваа брза измена на законодавството е доказ за постојната солидарност на ЕУ со бегалците од Украина како и со земјите кои ги примаат овие бегалци, пред сѐ земјите соседи на Украина.
Средствата треба да се искористат за здравство, сместување и образование.