Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе отпатува за Словенија за да изрази солидарност и поддршка поради поплавите, соопштено е денеска во Брисел.
Претседателката на Европската комисија, која е придружувана со европскиот комесар за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, со словенечките власти ќе разговара за поддршката на ЕУ за реконструкција на оштетеното подрачје и за превенција од поплави.
Делегацијата на Европската комисија заедно со премиерот Роберт Голоб ќе ги посети подрачјата најтешко оштетени од поплавите. Фон дер Лајен по враќањето во Љубљана ќе одржи говор на вонредната пленарна седница на Собранието на Словенија.