Македонците од Пиринска Македонија во организација на ОМО Илинден Пирин го одбележаа раѓањето на великаните на македонската револоуционерна борба за слобода и самоопределување Гоце Делчев.
Денот бил одбележан во неколку бугарски градови и села кои со полициско присуство. Свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Горна Џумаја, денешен Благоевград, положија членови на ОМО „Илинден“-ПИРИН, на Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија и македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и на други македонски организации.
Присутни беа активисти од Благоевград, Софија и Разлошко.
За значењето на Гоце Делчев пред присутните зборувал Ангел Радонов, член на Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН.
Полицијата не им дозволи на Македонците да веат македонски знамиња во Благоевград: знамето со ѕвездата од Кутлеш, знамето на ОМО Илнден – ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода.
Иако Македонците им рекле на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата не дозволила под изговор „да немаме проблеми, ниту вие, ниту ние“.
За разлика од Бугарите кои денеска ја нападнаа македонската полиција, Македонците во Бугарија ги испочитувале зборовите на бугарските полицајци и достојно му оддадоа почит на македонскиот великан Гоце Делчев.
Во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ продолжи прославата во чест на Делчев.