Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.
Разговорите на Орбан со двајцата европски лидери беа одржани како дел од подготовките за денешниот самит на Европската унија, изјави неговиот прес-секретар Берталан Хаваси.
Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе се обидат да го убедат унгарскиот премиер да се приклучи на планот да и се понуди стабилно финансирање на Украина, но тие се подготвени, доколку не успеат, да му обезбедат пари на Киев без Унгарија.
На состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ ќе разговараат за среднорочна ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од 2024 до 2027 година, вклучувајќи ја и поддршката за Украина од 50 милијарди евра. Планирано е да помогне во покривањето на потребите на Украина од 2024 до 2027 година со 33 милијарди евра (36 милијарди долари) заеми и 17 милијарди евра грантови.
За користење на буџетот на ЕУ потребна е согласност од сите 27 земји-членки, но Унгарија бара да и се дозволи да става вето на плаќањата секоја година. Денешниот самит е последна шанса да се постигне договор пред откажување од буџетот на ЕУ како начин за финансирање на Украина и враќање на покомплексното, поскапо и помалку предвидливо финансирање што се користеше претходно.
Лидерите на ЕУ, со цел делумно за да ги исполнат барањата на Орбан, ќе предложат одржување годишни дебати за тоа како Украина ја троши помошта од ЕУ, но нема да и дадат право на Унгарија да стави вето на парите, се вели во нацрт-предлогот за денешниот состанок. Засега се уште не се знае дали Орбан ќе се согласи на таков договор. јт/
Фото: Кабинет на Орбан