Европската комисија денеска информира за амандманите на регулативата за авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ кон трети земји, со кои се воведени неколку исклучоци, а во нив не спаѓаат земјите од Западен Балкан каде што и Македонија припаѓа, и покрај барањата на владите од регионот, пренесува МИА од Брисел.

Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз, целосно е во согласност со обврските на ЕУ. Со оглед на еволутивната природа на ситуацијата Европската комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите, изјави Даниел Росарио, портпарол на ЕК.

Земјите изземени од посебните авторизации за извоз се Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови , Андора, Сан Марино и Ватикан, соопштија од ЕК.

ЕУ одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна остро ја критикуваше ЕУ поради оваа одлука, изјавувајќи дека „солидарноста на ЕУ е само на хартија“ и дека Србија може да смета само на нејзините „кинески браќа“.

Бившиот премиер Зоран Заев, пред референдумот за смена на името на Република Македонија, на граѓаните им ветуваше дека во ЕУ не чека бесплатно здравство за сите. Сега откако името и Уставот се сменети, не само што го нема ова небулозно ветување од Заев, туку е оневозможено и за пари да се набави медицинска и заштитна опрема од ЕУ, кога на Македонија и е најтешко и се соочува со пандемијата од коронавирусот.