Според податоците кои се достапни во Словенија и кои ги објавуваат нивните медиуми, во оваа земја со два милиони жители има 341 заразен од вирусот. Тоа е отприлика пет пати повеќе од Макеоднија, која исто така има околу два милиони. Но, каде е замката? До денеска, Словенците имаат тестирано 10 980 лица.

А, според последните податоци кои денеска ги објави Филипче, кај нас се тестирани нешто над 900 лица. Па, на 900-тини тестирани, ние имаме 70 заразени или некаде околу 7 отсто, а Словенците на 10 000 тестирани имаат откриени 341 заразен или околу 3,5 отсто. А реално би било, со оглед на границата на оваа земја со Италија, ситуацијата да биде обратна.