Европската унија вакцинирала повеќе луѓе против Ковид-19 со прва доза во споредба со САД, покажуваат податоците на „Our World in Data“, објавени од Евроњуз.
Според истражувањето, 55,7 отсто од граѓаните на ЕУ ја примиле првата доза до саботата, во споредба со 55,5 проценти од Американците.
Францускиот заменик министер за европски прашања Клеман Бон ги објави бројките во саботата и го поздрави постигнатото со зборовите: „Продолжуваме, забрзуваме!“.
Новите бројки доаѓаат откако 27-члената Унија веќе долги месеци се соочува со остри критики во врска со бавниот почеток на кампањата за вакцинација, поради доцнењето на испораките на вакцини и логистичките проблеми.
САД се сепак пред ЕУ во однос на целосната вакцинација, со 48,1 отсто, наспроти 42,5 проценти, од населението вакцинирано со две дози до саботата.