При 25:23 за Македонија во 57 минута и 50 секунда, Украинците дадоа гол, а Поповски заработи исллучување.

Лазаров промаши во следниот напад, а во 59 мин. и 10 секунди, Украинците изедначија. Се чинеше дека лесно ја испуштивме победата од раце.

Посебно што следеше наш напад, часовникот веќе замина 59 минути и 50 секунди. И тогаш, на осум секунди пред крајот Стоилов изнуди исклучување кај Украинците, а на две секунди пред крајот Кире Лазаров ни донесе победа со 26:25.

Неверојатна победа на нашата реперезентација, на која и претходеа 14 одбрани на Митревски кој до тоа фамозно изедначување пред самиот крај, ја одржуваше нашата предност меѓу два и три гола.

И покрај одличната игра, за играч на натпреварот не беше прогласен Митревски, туку Талески кој исто така пружи извонредна партија.

Ова е прв натпревар и прва победа на Македонија, но ако сме реални, извојувана е против најслабиот тим во групата.

Во нашата група, претходно Австрија ја победи Чешка. Тешко е да се поверува дека Австрја ќе ја испушти предноста на домашниот терен и во наредните два натпревари, па сега се наметнува императив да ја победиме Чешка за пласман во понатамошниот тек на натпреварувањето.

Во другите групи, неверојатен резултат на стартот постигна Португалија која ја победи Франција со 28:25. За да биде впечатокот поуверлив, Португалците водеа и на крајот на првото полувреме, а во второто Франција во ниту еден момент не успеа поуверливо да ја загрози нивната победа, иако разликата секогаш се движеше меѓу два и четири голови.

Во останатите натпревари, постигнати се очекуваните резултати, па така, Норвешка ја победи БиХ, а Шведска и Словенија извојуваа лесни победи против Швајцарија и Полска.

Натпреаврот со Чешка го играме во недела од 16 часот, а утре се игра дербито меѓу Шпанија и Германија.