Русија ги задржа шансите за пласман во осминафиналето на ЕУРО2020, откако попладнево на домашен терен во Санкт Петерсбург го совлада дебитантот Финска со 1:0 (1:0) во рамки на воведниот натпревар од второто коло во групата Б.

Првиот триумф на Русија на Европското првенство и го донесе Алексеј Миранчук во судиското продолжение од првото полувреме.

Јоел Похјанпало, кој во премиерниот натпревар против Данска го постигна единствениот гол во историскиот прв триумф на Финците на ЕУРИ2020, денеска повторно ја затресе противничката мрежа, но неговиот гол во 5. минута беше поништен поради офсајд.

Второто коло во групата Б ќе се комплетира утре со натпреварот меѓу Белгија и Данска од 18 часот во Копенхаген.