Фудбалскиот клуб Вардар наскоро добива нов газда. Работите за преземањето на сопственичката структура од Сергеј Самсоненко се пред финализизација и се наѕира договорот да се добие нов сопственик за следната сезона во која „црвено-црните“ ќе играат во ВМФЛ-Запад.

Прв човек на хартија според најавите ќе биде Слободан Крстевски, инаку сопственик на компанијата „Блу Скај“. Во тимот ќе има вклучено и други познати македонски личности од фудбалот, а проектот за иднината на клубот е спремен и веќе е на маса.

Целта на новото раководство ќе биде враќање на Вардар во ПМФЛ. Дефиниран е и стручниот штаб, се очекува ново име на клупата да биде Горан Симов, инаку доскорешен стратег на Силекс, а планот е и неколку квалитетни засилувања со кои Вардар би имал нешто полесна задача да го мине второлигашкото друштво.