Европската ракометна федерација денеска ги објави клубовите кои ќе се натпреваруваат во Лига Европа и во Европскиот куп. Од македонските екипи Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лига Европа, а 32-те екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Во следната рунда ќе продолжат двете првопласирани од секоја група и трето и четвртопласираните од групите од Лигата на шампионите. Потоа 28-те екипи ќе играат два натпревара (дома-гости), а победниците заедно со петтопласираните од новите групи од Лигата на шампионите ќе играат во осминафиналето. Победниците (осум екипи) ќе играат четвртфинале, а победниците од тие дуели ќе бидат дел од завршниот турнир на 22-23.мај 2027 година. Извлекувањето на групите е на 17. јули во 11 часот во Виена.
За учество во ова натпреварување аплицираше и актуелниот победник на ЕХФ Европскиот куп Охрид, но сепак македонскиот претставник ќе мора да го брани трофејот во ова натпреварување. Охрид, Алкалоид и Бутел ќе ги стартуваат натпреварите во второто коло, додека Тиквеш кој доби право на учество со „вајлд карта“ ќе биде дел од првото коло. Финалните натпревари (дома-гости) ќе се играат на 22-23.мај и 29-30. мај.
Екипите на Алкалоид (2025 година) и Охрид (2026 година) се последните два победника на ова натпреварување.
Извлекувањето на двојките за првата рунда ќе се одржи на 14. јули.
Македонскиот шампион Вардар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.




