Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер ќе биде посилен во новата сезона за српскиот репрезентативец Немања Обрадовиќ.

Српскиот лев бек, како што соопшти попладнево битолскиот клуб, се обврзал на едногодишна соработка, а неговата официјална промоција ќе биде ова лето.

Обрадовиќ доаѓа од редовите на хрватскиот првак ППД Загреб, а во својата богата меѓународна кариера искусниот 30-годишен српски интернационалец настапуваше и за скопски Металург.

Обрадовиќ за српската репрезентација има 20 настапи.