Две села во јужниот дел на грчкиот остров Крф попладнево се евакуирани поради голем пожар кој избувнал поради, засега, неутврдени причини.

Евакуирани се жителите на селата Неохори и Палеохори.

Во гаснењето на огнената стихија учествуваат и канадери и според последните информации, пожарот е ставен под контрола.