Премиерлигашот Евертон покрена истрага за расистичка навреда против напаѓачот на Тотенхем, Сон Хаунг Мин, јавуваат британските медиуми.

Саботниот дуел Евертон – Тотенхем  во првенството на Англија заврши нерешено – 1: 1. Сон доби црвен картон за прекршокот врз Андре Гомеш, кој, како што стана познато подоцна, ја скрши ногата. Според „Ливерпул ехо“, навивач на „карамелите“ наводно, покажал расистички гест кон Сон.

– Евертон го испитува наводниот инцидент на расистичко однесување од страна на еден навивач кој присуствуваше на натпреварот против Тотенхем. Ние остро ги осудуваме сите форми на расизам. Ваквото однесување не припаѓа на нашиот стадион, во нашиот клуб, во нашата заедница и во нашата игра, стои во обраќањето на клубот преку својот Твитер профил.