Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат неколку населени места во Кисела Вода, Илинден, Чаир, Бутел и Студеничани.

Во периодот од 09:00-15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Варвара во општина Студеничани. Истиот период прекин на електрична енергија ќе има на улиците „Малешевска“, „Малешевска 1“, „Маркова Река“, дел од улиците „Славка Динкова“, „Таки Даскалот“ и улицата „Антон Димитров“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 08:00-15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од фирмата Суташ-Илинден, ДМ Транс, Волво, Живинарска фарма,ТС Птичјеводство 3 во општина Илинденм а од 08:00-13:00 часот корисниците од улицата „Кримска“ од бр.20-50 и улицата „Кумбара“ од бр.30-55 во општина Чаир.

Во периодот од 09:00-13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Иван Манолев“ куќи 3 А-Б до 9 А-Б и дел од ул.Иван Манолев во општина Бутел.