Евроатлантските интеграции не се преокупација само на актуелната власт, туку и на граѓаните на социјалните мрежи.

– Македонија влегува во ЕУ постепено. По 15.000 граѓани годишно, гласи афористичниот пост на Фејсбук.

Еден добар сатиричен афоризам вреди колку 1.000 фотографии на политичарите кои бацуваат пенкало или знамето на ЕУ и ни ветуваат дека на влезот сме и прашање на време е кога ќе ни ја отворат ЕУ-вратата.