СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор.

Ова се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение целото соопштение:

А додека СДС и Маричиќ се правдаат очекуваме ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели.

Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски.

Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности.

Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции.

Заради СДС и Маричиќ кои државата ја претворија во партиска алатка, Македонија оваа година го имаше најлошиот Извештај на ЕК. Со СДС и Маричиќ Македонија е се подалеку од ЕУ, но и од граѓаните. Со СДС и Маричиќ владата им служи само на кликите на власта. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, стои во соопштението на партијата.