Низа критики видовме изминативе години за делови од учебниците за основно училиште во Македонија, пишува порталот Курир.

„Низа печатни, но и сериозни содржински грешки во учебниците, беа дел од скандалите на кои бевме сведоци. Денес до нашата редакција пристигна прашање од родител на дете во второ одделение, од учебник по предметот Природни науки“, пишува порталот.

-На ова прашање, искрено кажувам, ниту јас и сопругата не го знаеме одговорот. А му се поставува на дете од второ одделение, вели родителот.

Курир го објавува делот од учебникот во кој е наведено токму ова прашање кое децата треба да го одговорат на наставно ливче или текст.

Која страна на светот ти ја покажува левата рака, ако твоето лице е свртено кон Сонцето напладне?