Европратеничката од Република Ирска, Клер Дели, во Европарламентот говори за лицемерието на „храмот на демократијата и чуварот на човековите права“ каде, како што вели таа, многу се говори за судбината на Русинот Алексеј Навлни, но со години се молчи за Американецот Џулиан Асанж.

– Јас сум и повеќе од подготвена да застанам во одбрана на било чии права, вклучително и оние на Навални. Но, да бидеме искрени, се работи за злобен анти-имигрантски расист со поддршка од веројатно 4 отсто кој прави протeсти од стотици или илјада луѓе во милионски градови. Тешко тоа да се нарече масовно движење. Ќе дискутиравме ли воопшто за него (Навални) ако беше уапсен на кое било друго место освен во Русија? Во меѓувреме, Џулијан Асанж е затворен речиси 10 години за обелодeнување на американските воени злосторства, ние овде име не смееме да му спомнеме. Утре каталонскиот рапер Пабло Хасел оди в затвор поради своите стихови. Каде се повиците за санкции кон Шпанија?- пишува Дели.

Ирската европратеничка Дели е претставник на независните социјалисти.

– Ова нема врска со човекови права. Ова е чиста политичка агенда против Русија која работи на погонот на воено-индустрискиот комплекс кому му треба непријател за да ги правда своите милиони.

На овој нејзин говор во Европарламентот, Твитер го етикетира како „сензитивна содржина“.

Како што е веќе објавено, завчера надлежен британски суд даде дозвола за екстрадиција на Асанж во САД.