Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации спроти денешното отворање на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград.

 

Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.

Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, напиша Џамбаски.