Не треба да се навраќаме многу наназад, само во изминатите неколку дена, целиот наш народ, сите граѓани директно ги почувствуваа придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ и можеа да видат каков резултат носат овие државнички политики на оваа партија, изјави денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

– Се изборивме, македонскиот идентитет, македонскиот јазик да е признат и потврден и во ЕУ, еднаш, засекогаш. Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со ЕУ на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки, рече Ковачевски.

Тој во рамките на својата партиска турнеја низ Македонија, вечерва учествуваше на партиска трибина во Крива Паланка. Завчера беше во Битола, како и во други градови во изминатите денови.