Нацрт-законот предложен од владата на Еди Рама, за фискална амнестија, поттикна бројни дебати во Албанија, на ниво на експерти и политичари за последиците што ќе ги донесе.

-На оваа тема став изнесе и Европската комисија, која во соопштението што го дистрибуираше делегацијата на Европската унија во земјата, стави до знаење дека постои сериозна загриженост по ова прашање. Во соопштението се додава дека нацртот претставува суштински ризик за угледот на земјата и дека ја ослабува контролата на Албанија против перењето пари, пренесува агенцијата Балкан веб.

Според ЕК, ова е „загрижувачко за земјите членки на ЕУ и за партнерите на Унијата“.

Комисијата искажува сериозна загриженост за актуелниот Нацрт-закон за фискална амнестија. Тоа би ги ослабело контролите на Албанија против перење пари и многу малку ќе придонесе во подобрувањето на способноста на даночната администрација да ја подобри идната усогласеност со даночните барања.

-Поради тоа што жителите кои не се даночни обврзници, вклучително и Албанците кои живеат во ЕУ или Западен Балкан а се опфатени со овој закон, тие ќе внесуваат готовина на рака, за да имаат корист од амнестијата, сегашниот нацрт на законот предизвикува сериозна загриженост за земјите-членки на ЕУ и другите партнери, и е значителен ризик за репутацијата за земјата, стои во соопштението на ЕК на кое се повикува агенцијата.