Агенциите на ЕУ лани не менаџираа со финансиите на исто ниво како во претходните години, а четири од нив не беа во позиција да дадат прецизни податоци за начинот на кој ги трошат средствата на Унијата, се наведува во извештајот на Европскиот суд на ревизори за работата на 43-те агенции кои функционираат на ниво на блокот во текот на 2022 година.

Според извештајот, објавен синоќа, постојан и широко распространет проблем низ агенциите на ЕУ е тоа што набавките на стоки и услуги не се секогаш во согласност со важечките правила.

– Финансискиот менаџмент на агенциите на ЕУ генерално се уште е во добра форма, но видовме малку помалку позитивни резултати. И покрај доброто сметководство, некои агенции на ЕУ би можеле подобро да ги трошат средствата согласно правилата и чесно е да се каже дека пропустите при набавките остануваат загрижувачки кај голем број од нив, изјави раководителот на тимот што ја спроведе ревизијата на работата на европските агенции Франсоа-Роже Казала.

Европскиот суд на ревизори даде позитивно мислење за финансиското работење на 39 од 43 агенции, додека четири не добија преодна оценка. Кај три од нив, Агенцијата за обука за спроведување на законот (ЦЕПОЛ), Агенцијата за оперативно управување со ИТ системи од големи размери (еу-ЛИСА) и Центарот за превод за телата на ЕУ (ЦдТ), тоа се должи на неправилно склучување и спроведување на договорите, додека кај Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) негативната оценка е резултат на слабостите во неговите системи за управување и контрола.

Европскиот суд на ревизори деновиве ја оценува ефективноста на ЕУ мерките за поддршка на владеење на правото, барање за пристапување, во земјите од Западен Балкан. Проверката се извршува во ч

За 2021 година преодна оценка не доби само една од агенциите на ЕУ, а една година порано –три.

– Во целина, пропустите во набавките се во пораст низ агенциите во текот на минатата година и се уште се главната причина поради која повеќето од нив не ги почитуваат правилата. Ревизорите открија различни пропусти во договорите за набавки на 24 агенции, се наведува во извештајот, при што се посочува дека во 2020 година вакви пропусти биле нотирани кај 14 агенции, а во 2021-та кај 22.

Како примери се посочуваат случајот со Европска агенција за контрола на надворешните граници (Фронтекс), кај која трошоците за психолошки прегледи на новите припадници биле зголемени за повеќе од 10 пати во односно на првично договорената сума, како и со Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО), која склучила договор со туристичка агенција за сума од пет милиони евра без претходно да ги објави деталите од него.

Севкупно, ревизорите извршиле 48 контроли на практиките за набавки на агенциите, при што кај некои постојано се наидувало на нови недостатоци. Ревизорите издале препораки за подобрување за 36 агенции, кои се однесуваат на начинот на спроведување на набавките, буџетирањето, вработувањата и контролите.

Од јануари до мај 2022 година, Фронтекс регистрирал вкупно 40.675 илегални гранични преминувања на западнобалканската рута, што е речиси три пати повеќе отколку во истиот период минатата годи

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие 43 агенции на ЕУ имаат големо влијание врз клучните области од секојдневниот живот на Европејците, како што се животната средина, здравјето, безбедноста и правдата. Во 2022 година, вкупната вредност на нивните буџети изнесувала околу 35 милијарди евра и тие вработувале 15.775 лица, односно околу 18 отсто од вкупниот персонал на ЕУ. Најголема меѓу нив е Фронтекс со над 2.000 вработени и буџет од речиси 700 милиони евра. Повеќето европски агенции речиси целосно се финансираат од буџетот на ЕУ.

Секоја година, ревизорите ја проценуваат веродостојноста на завршните сметки на агенциите, како и дали трансакциите на нивните приходи и расходи се во согласност со релевантните правила.

Годинава, дополнително ревизорите проверувале и дали агенциите презеле мерки за подобрување на нивната енергетска ефикасност како одговор на енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина. При тоа е утврдено дека над една третина од агенции на ЕУ немаат изготвено планови со кои нивните активности би биле енергетски поефикасни и климатски неутрални. сп/

Фото: Европски суд на ревизори/МИА Архива