Жените во Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција за 5,1, а во Турција за 5,6 години.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.

Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години.