Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) обезбеди место во финалето на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.
Покрај Тамара во финалето влегоа и претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.
Тамара Тодевска вечерва во полуфиналето настапи под реден број 17.
Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота.