Шпанецот Карлос Саинз јуниор во Ферари ќе стартува од пол-позицијата на патеката во Остин за Големата награда на САД, додека од втората позиција ќе тргне светскиот првак, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул).

Саинз во квалификациите беше побрз од клупскиот колега Шарл Леклер, кој, сепак, нема да стартува од првиот ред бидејќи е казнет со десет места поради вградувањето нови делови во агрегатот на болидот, и на денешната трка ќе стартува од 12 место.

Како резултат на тоа, Ферстапен, кој лани победи на трката во Тексас, ќе стартува од второто место, иако во квалификациите беше трет.

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) ќе стартува од третата позиција, откако Серхио Перез (Ред Бул), кој во квалификациите беше трет, е казнет со пет места поради промена на моторот.